Kандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ Ѓорге Иванов, денеска оствари средба со граѓани во центарот на Скопје и притоа го посети пазарот „Буњаковец“ и ТЦ „Буњаковец“.
Во пресрет на вториот изборен круг, Иванов ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање посочувајќи дека од нивниот избор ќе зависи иднината на државата.
Во разговорите со граѓаните, тој ја претстави својата изборна програма, истакнувајќи дека истата содржи остварливи ветувања и реални обврски.
Воедно, граѓаните ги изнесоа своите видувања во однос на актуелните случувања во државава и разменија предлози и идеи за можни идни проекти во нивни интерес. Граѓаните ги поздравија досегашните политики и активности на претседателот Иванов и му изразија поддршка за во иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?






