Премиерот Никола Груевски на својот профил „Фејсбук“ најави нова крупна инвестиција на уште една компанија во североисточниот дел на Македонија, со која ќе се отворат нови 5.000 работни места.
Тој истакна дека преговорите со компанијата која своите капацитети би ги лоцирала во североисточниот дел на Македонија се во самиот финиш.
– Нашата првенствена задача како влада и политичари е подобрување на стандардот на граѓаните. Мој личен фокус беше и останува раст на економијата и отворањето на нови работни места. Исклучително се вредни миговите кога се прават конкретни резултати на тој план. Затоа честитки до граѓаните за новата инвестиција во североисточниот дел која на Македонија ѝ носи нови 5000 работни места и нови 5.000 вработувања. Уште еден доказ дека има разлика! Тоа се 5.000 семејства. Нашата борба за нови работни места продолжува – објави премиерот Груевски.
Компанијата се занимава со производство на кошули, костими, палта, јакни, класични и неформални пантолони, а исткнуват дека квалитетот им е најсилна одлика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски




