Вчера на ул. „Стив Наумов“ во Охрид, додека Ј.П.(41) од Охрид седел во своето возило со неговиот шестгодишен син, непознат маж излегол од автомобил „москвич“ со охридски регистарски ознаки и почнал да удира со раце и нозе по возилото, причинувајќи материјална штета, а воедно и чувство на страв кај случајните минувачи.
По преземените мерки е приведен Р.У. (38) од Охрид и по целосно расчитување на случајот против него ќе биде поднесен соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.