Утре, 25 април, од 7 до 11 часот во Скопје ќе се прска против комарци. Ова е прва фаза од авионската дезинсекција и ќе бидат опфатени сите мочуришта, канали и стојни водени површени во градот Скопје и неговата околина, како и течението на реката Вардар.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи, доколку временските услови не го дозволат прскањето, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден кога условите ќе бидат поволни, во истиот термин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.