Русија го протера првиот секретар на Амбасадата на Канада во Москва, Маргарита Атанасов. Таа мора да ја напушти земјата во рок од 14 дена, соопшти извор во МНР на Русија.
Тоа е одговор на неодамнешното протерување од Отава на помошникот на руското воено аташе, чие име не е соопштено.
Како што изјави изворот, ова не е прв сличен случај на „размена“, чиј иницијатор секогаш била Отава. Се работи, меѓу другото, за неосновано откажување на издавање виза за руските дипломати.
Според него, сето тоа е поврзано со антируската позиција на канадските власти поради случувањата во Украина и Крим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.