| четврток, 6 декември 2018 |

Со службено возило на одмор во Грција – кривична за директорот на „Македонска пошта“

Секторот за внатрешни работи од Битола поднесе кривична пријава за Е.А. (44) од Битола, вработен како директор во Македонска пошта Скопје – подружница Битола, заради постоење основи на сомнение за направено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.

Пријавениот на 8 февруари годинава во својство на службено лице ја искористил својата положба и ги пречекорил границите на своите овластувања, на начин што со службеното патничко моторно возило и без патен налог за службено патување во странство, тој заедно со својата сопруга направил излез на граничниот премин „Меџитлија“ и отпатувал за Грција.

Со самото дело пријавениот се здобил со имотна корист од околу 6.000 денари.

Ова не е прв инцидент за директорот на битолската подружница. Во јануари истиот ја оштети рампата за паркинг и влезе во конфликт со вработените на „Градски паркинзи“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top