| четврток, 6 декември 2018 |

Јанкулоска на средби со граѓаните во Кумановско и во Скопско

Носителката на листата во втората изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска, денес ќе одржи средба со граѓани во неколку кумановски места, како и три мини-митинзи во скопски општини.

2jankuloska500

Во 14 часот Јанкулоска ќе го посети Бос Трејд во Куманово, потоа ќе одржи средба со граѓаните од кумановското ромско маало Средорек, за посетата на Куманово да ја заокружи со средба со жителите на Агино Село.

Во рамки на попладневните активности, Јанкулоска во 17.30 ќе присуствува на мини- митинг во Цршево, општина Гази Баба, потоа во Мирковци и во 20.30 часот на мини- митинг во Волково.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top