Оваа година Ливерпул ја игра една од најдобрите сезони во последната деценија. Добрата игра, првото место на табелата и верните навивачи се доволен услов за правење стратегија за иднината.
Во клубот имаат намера своите навивачи да ги наградат за безрезервната поддршка. Односно, најавено е проширување на „Енфилд роуд“ со нови 8.500 седечки места.
Иако моментално се размислува за овој потег, се очекува Ливерпул на стадионот со поголем капацитет да заигра на почетокот на сезоната 2016/2017.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.