Новиот македонски филм „Деца на сонцето“ на Антонио Митриќески, чија постпродукција е при крај, ќе биде ексклузивно претставен
на 17. „Скопски филмски фестивал“, кој трае од 23 до 30 април. Во траење од 15 минути, како своевидна најава за она што публиката може да го очекува од септември, публиката ќе може да проследи еден дел од оваа современа урбана приказна, кој ќе биде прикажан на затворањето на фестивалот, на 30 април.
На годинешниот фестивал е предвидено да се одржат и една трибина и предавање. Трибината, која носи наслов „Револуцијата е мртва! Да живее револуцијата!“, како повод ќе го искористи филмот на Лукас Мудисон „Ние сме најдобри“, кој е вклучен во главната програма и кој ќе се прикаже в сабота (26 април) во 18 часот во киното „Милениум“. Во соработка со членовите на „Хип Хоп Македонија“, нејзиното одржување е закажано за 18 часот во понеделник (28 април) во киносалата на Кинотека на Македонија.
На 29 април во соработка со Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, македонскиот режисер Иво Трајков ќе одржи предавање насловено „Анализа на драмската структура и изградба на ликовите како основа за филмска нарација“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скопска премиера на кратометражниот игран филм „Види ја ти неа“
-
Филмот „Година на мајмунот“ на Владимир Блажевски го отвора годинешниот „Скопје филм фестивал“
-
Премиера на филмската комедија на Коле Ангеловски „Ах, љубов моја“
-
„Деца на сонцето“ навистина постојат: Штом ќе зајде сонцето, овие деца се преобразуват во билки