| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Шест странски компании објавија влез во Македонија

Шест странски компании во изминативе три недели објавија влез во Република Македонија, истакна на вечерашниот митинг во Куманово претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

gruevskizaev

Тој нагласи дека денес уште две компании објавиле отворање на нови работни места, од кои едната е македонска, а деновиве претседателите на компаниите и извршните директори можеле да се слушнат како даваат изјави зошто донеле таква одлука, кога ќе почнат да ја градат фабриката колку луѓе ќе вработат, колку ќе чини инвестицијата.

-Денес уште две компании, обавија нови работни места, една украинска која објави дека ќе вработи директни 150 нови работни места во Скопје плус 50 индиректни и и една македонска компанија која објави 400 нови работни места за луѓе од ИТ бизнисот, софтверите и се друго што е поврзано со информатичка технологија – изјави Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека во завршни преговори се со една друга компанија со која долго работат и се надеваат дека истата ќе објави одлука за еден огромен капацитет во североисточниот дел на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top