Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на РМ, Никола Груевски на вечерашниот митинг во Куманово ја промовираше новата кредитна линија која ќе им помогне на македонските компании.
Тој истакна дека со повлекувањето на кредитна линија со субвенционирана камата во сред криза каматите за македонските фирм се намалија и се уште се не повисоки од 5,5 отсо.
-Ќе имаме уште една кредитна линија од 100 милиони евра за да им помогнеме на македонските приватни фирми не само да не отпуштаат вработени, туку и да вработат нови луѓе кои се невработени во нивните фирми- посочи Груевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека воведен е 0 отсто данок за микро и мали бизиниси со приход до 3 милиони денари, а во нивен интерес се пропиша ослободување од оданочување на трговските друштва класифицирани како мали и мико трговци чиј основен приход изнесува до 3 милиони денари.
Ваквото даночно ослободување, истакна Груевски, денес го користат 37.000 фирми во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски



