| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Уште четири дена до двојната победа на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ попладнево одржаа митинг во Свети Николе, каде што претседателот на партијата, Никола Груевски, рече дека по четири дена ќе слават двојна победа.

gruevski

– Остануваат уште само четири дена, само уште четири дена до двојна победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата…. 450 илјади гласови за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ сегашен и иден претседател на Македонија, Ѓорге Иванов, и 123 разлика помеѓу него и кандидатот на СДСМ. Македонија ја препозна разликата и покажа дека има разлика во Македонија помеѓу политичките конкуренти и помеѓу нивниот начин на работење и дејствување – истакна Груевски.

Пред граѓаните на Свети Николе зборуваше и Никола Тодоров, носител на листата на кандидати за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ во третата изборна единица.

Тој ги спореди времињата на владеење на  СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, односно, како што рече, затворањето на фабриките наспроти отворањето нови работни места.

Истакна дека оваа влада е прва која не ја заборава источна Македонија и се грижи тој дел од државата да напредува, да се унапредува животот таму и да се гради инфраструктурата.

– Во нашата програма има проекти за изградба на автопатишта, но посебно ми е драго што оваа Влада го започна и ќе го изгради автопатот кон источна Македонија од Скопје преку Свети Николе за Штип, потоа како експресен пат до Кочани и експресен пат до Радовиш и комплетна  реконструкција од Кочани преку Македонска Каменица до Делчево. Тоа е грижата за нашите граѓани, тоа е овозможување подобри услови за функционирање – рече Тодоров на митингот во Свети Николе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top