| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорѓиевски: Врз кумановци се врши притисок во корист на Пендаровски

Кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ Зоран Ѓорѓиевски од „Отвореното студио“ порача дека на 27-ми април и покрај големиот притисок граѓаните ќе излезат на гласање и ќе го дадат својот глас за партијата која нуди нов просперитет на градот.

kumanovo-miting-500

Во пресрет на првиот круг на претседателските избори врз граѓаните на Куманово се вршела голема пресија, голем притисок и тоа во корист на Стево Пендаровски, кандидат за претседател на СДСМ.

Токму притисоците беа причина за малиот процент на излезеност кој достигна едвај 50 проценти. Сепак и покрај ваквата ситуација граѓаните одлучија својот глас да го дадат за Ѓорѓе Иванов во кого препознаа достоен кандидат за претседател на Македонија.

-Куманово е специфичен град, единствен град во Македонија каде владее СДСМ од самото осамостојување на државата. Се менуваа раководните структури, но политиката во овој град остана иста. Поради разни неправилности, валкани кампањи и низа нерегуларности на последните избори Куманово повторно беше обоено во темно плава боја, но јас како хирург, како лекар знам дека таквата боја изумира, вели Зоран Ѓорѓиевски кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.

Тој воедно потенцираше дека локалната власт ништо не прави за да ги задржи младите во Кумановo, кои во изминатите неколку години се повеќе се одлучуваат да заминат на печалба во Авганистан.

Ѓорѓиевски воедно изјави дека луѓето кои го претставуваат ВМРО-ДПМНЕ во Куманово се луѓе кои се проверени, докажани и дека токму тоа е разликата со СДСМ. Според него довербата на граѓаните се добива со релизирање на проекти, а не со празни зборови и ветувања.

-Една од најкапиталните инвестиции во историјата на Македонија е железничката пруга Куманово-Софија чиј камен темелник е поставен и која ќе донесе нови 600 вработувања за овој град. Ќе има уште два, да ги наречам помали инфраструктурни проекти изградба на експрес пат Куманово – Крива Паланка и реконструкција на автопатот Куманово – Катланово и многу други. Тука се субвенциите, кредитот за малите и средни претпријатија, стипендии за најдобрите ученици, вели Ѓеорѓиевски презентирајќи дел од проектите од новата програма „Проверено.“

Тој воедно ја критикуваше локалната власт дека не прави ништо за овозможување на услови за отворање на работни места пред се за младите во Куманово.

-Куманово имаше шанса која години наназад не ја искористи. 10 години наназад младите бегаат од Куманово, во еден момент 12 илјади млади луѓе беа надвор од градот. Но, да не заборавиме друг факт, 25 милиони долари секој месец доаѓаа на сметките во Куманово. Тоа е огромна пара која кумановската локална самоуправа не успеа да ја искористи, да им овозможи на тие луѓе микроклима да ги вложат тие пари тука. Тие пари не се вложија во Куманово, изјаво Ѓорѓевски.
Тој на крајот ги повика кумановци на 27-ми април да излезат масовно на гласање и да го дадат својот глас на онаа партија која нуди нов прогрес и нов просперитет на овој град и секако да го дадат својот глас за кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top