| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски во Гостивар: Апсолутно мнозинство за непречено продолжување на реформскиот процес

Денешната посета на Гостивар од страна на носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 6, Никола Попоски, продолжи со средби со граѓаните на населбите Балин Дол, Питарница, Малеарди и Млаки. Дополнително, Попоски ја посети црквата Св. Петка и зема учество на еколошко-здравствената трибина организирана од Комисијата за животна средина и образование на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар.

poposki-gostivar1-500

На средбите со гостиварци Попоски ги истакна проектите содржани во програмата на ВМРО-ДПМНЕ “Проверено”. Исто така, тој особено ја нагласи потребата од добивање на 62 пратеници во Собранието на Република Македонија за коалицијата “За подобра Македонија” со цел непречено продолжување на реформскиот процес на Македонија и полесно надминување на внатрешните и надворешните предизвици на државата.

poposki-gostivar2-500
Агендата на Попоски во гостиварско продолжува со посети на селата Врапчиште и Долна Бањица, каде ќе оствари средби со локалното население и претставниците на турската заедница.

poposki-gostivar3-500

 

poposki-gostivar-500

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top