| четврток, 6 декември 2018 |

МВР потврди, непознато лице преплашило две ученички од „Петар Поп Арсов“

pedofilia-1Полицијата сѐ уште трага по педофилот кој ги преплаши учениците од Основното училиште „Петар Поп Арсов“ во Скопје. Од МВР велат дека претпладнево во близина на основното училиште „Петар Поп Арсов“ во населбата Карпош 4 во Скопје, непознато лице на велосипед вознемирило две ученички покажувајќи им, како што нагласуваат, некаков предмет. Откако тие реагирале лицето веднаш избегало.

– Имаме пријава дека непознато лице вознемирило две ученички во близина на училиштето „Петар Поп Арсов“.  Тој им дофрлил некави зборови на ученичките и им покажал некаков предмет, но не знаеме за што точно станува збор – велат во МВР:

Родители пак, тврдат дека едно од девојчињата било нападнато во дворот на училиштето. Од МВР информираат дека физички напад не бил пријавен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top