| четврток, 6 декември 2018 |

Лупита Нионг’о е најубава жена во светот за 2014 според магазинот „Пипл“ (фото)

Магазинот „Пипл“ ја прогласи актерката Лупита Нионг’о за најубава жена во светот во 2014 година.

lup.jpg500

Нионг’о (31) е со кениско потекло и во почетокот на годината доби Оскар за најдобра споредна улога во драмата „12 години ропство“.

– Тоа е огромен комплимент – изјави таа коментирајќи го своето појавување на насловната страница на магазинот.

Од неодамна Лупита Нионг’о е и заштитно лице на познатата француска козметичка куќа Ланком.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top