Нови 600 вработувања ќе отвори „Дрекселмаер“ во Кавадарци. најави денеска раководството на средбата со вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески во компанијата.
– Со раководството имавме разговори и за следниот период. Планираат да има уште 500 до 600 нови вработувања. Тоа е добро бидејќи значи дека за овој регион тука и пошироко, вклучувајки го и Прилеп, ќе има нови вработувања и ќе овозможат сите кои бараат работа од Кавадарци, Неготино, Прилеп, па и од Велес, да најдат работа. На тој начин ќе помогнеме да се подобри нивниот животен стандард – изјави Ставрески.
Тој посочи дека „Дрекселмаер“ е синоним на успехот на Владата на Република Македонија во привлекување инвестиции. Компанијата е најголемиот работодавач во Македонија со 4.040 вработени досега.
– Имам можност да видам многу млади луѓе кои што нашле работа тука, кои со оваа поддршка што Владата ја даде за инвеститорот успеаја да најдат работно место и да ја обезбедат сопствената иднина. Тоа е показател за успешноста на владините политики за привлекување странски инвестиции – истакна Ставрески.
Најави дека ќе се продолжи со владините политики за привлекување странски инвестиции и дека најмалку уште 30 компании како Дрекселмаер ќе влезат во земјава. Со тоа, како што рече Ставрески, ќе се отворат 10.000 нови работни места само во слободните и индустриските зони, што ќе резултира со подобрување на животниот стандард на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се полни државната администрација – Владата склучи договор за привремени вработување од над 56.000 евра
-
Бројот на работни места во Струга зголемен од 7.500 на 11.500
-
Атанасов: Алаѓозовски продолжува со вработување на партиски кадри на сите нивоа во министерството
-
Стојаноски: Уште колку внуци, ќерки, роднини и партиски војници треба да влезат со новиот оглас од 30 лица кој што го распиша СЈО?



