| четврток, 6 декември 2018 |

„Сивус“ се шири во Македонија

Seavus_Logo

Најголемата софтверска компанија во Македонија,„Сивус“, продолжува со својата експанзија во земјава. Водени од желбата за поголем развој на ИТ индустријата во земјава, оваа компанија ќе отвори можност за околу 400 нови вработувања.

Како следен чекор, „Сивус“ таргетираше уште осум градови во кои верува дека постои вистински потенцијал на ИТ кадри. Станува збор за следниве градови: Гостивар, Тетово, Кавадарци, Струмица, Прилеп, Радовиш, Делчево и Пробиштип.

Со ова „Сивус“ се вбројува во една од ретките компании во државата кои придонесуваат кон развојот на помалите градови, инвестирајќи во развојот на домашните ИТ специјалисти низ целата земја.

На почетокот од годинава, „Сивус“ отвори канцеларија во Охрид, а веќе три години успешно функционира и канцеларијата во Битола.

Оваа иницијатива е дел од стратегијата за експанзија на компанијата во поширокиот регион на Југоисточна Европа во кој веќе функционираат канцелариите во Белград, Ниш и Крагуевац.

„Сивус“ е компанија за развој на софтвер и консалтинг услуги со докажано искуство во успешни бизнис софтверски решенија. Компанијата има вработено преку 500 ИТ експерти ширум светот и нуди широк спектар од софтверски производи, решенија и услуги, успешно покривајќи го европскиот и американскиот пазар преку неколку канцеларии и претставништва во светот.

Портфолиото на решенија и услуги вклучува BSS/OSS, CRM, CEM, Business Intelligence решенија, ALM, Embedded решенија, ALM, Embedded програмирање, мобилни апликации и гејминг решенија, Managed Services, како и консалтинг и развој на апликации по барање на клиентите. Во портфолиото на „Сивус“ се вбројуваат и повеќе од 3.500 клиенти, меѓу кои светски телеком оператори и производители на мобилни и електронски уреди, организации од банкарскиот и финансискиот сектор, технологија, образование, здравство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top