Тетовец лажно преставувајќи се како вработен во МВР ветувал решавање на судски спорови, вработувања во суд и вадње на фалсификувани документи. Бил откриен откакол наплатил околу 2.600 евра за „услугите“ не ги завршил.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.Х.(48) од Тетово за кривични дела измама и лажно претставување.
Во текот на 2011 година, во Тетово откако пријавениот се запознал со С.А.(34) од Тетово и негов другар, лажно се претставил дека е вработен во Министерството за внатрешни работи во Скопје и дека ќе им помогне да се реши судската постапка што се води против другарот на С.А. во Основниот суд Тетово, како и дека ќе го вработи С.А. како државен службеник. За таа цел во повеќе наврати од С.А. побарал и зел вкупно 160.000 денари, под изговор дека му обезбедил вработување во Основниот суд Тетово како курир и за неговото изготвување на документи кои С.А. не ги поседувал како што се диплома за завршено средно образование, возачка дозвола, дозвола за поседување огнено оружје. Откако во декември 2012 година, С.А. не бил вработен и дознал дека пријавениот не е вработен во Министерството, случајот го пријавил во полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обид за убиство во Тетово
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките
-
Пред сендвичарница во Тетово го прободел со нож: Момчето е итно пренесено во Скопје
-
Падна уште еден функционер на СДСМ во Прилеп: Присвоил над 8 милиони денари