| четврток, 6 декември 2018 |

На Канаѓанка ѝ стигнало писмо после 45 години

pismo

Жителка на канадскиот град Калгари пријатно се изненадила кога во поштенското сандаче нашла писмо од помладата сестра која ѝ го пратила пред 45 години.

Пратката со марка од шест центи, која важела во 1969 година има жиг од Летбриџ во Алберта и е адресирано до Г. и Г-ѓа Р.Д. Тингл, но со згрешен број, без да биде наведено името на градот во таа западна канадска покраина.

Писмото го примила во пластична ќеса, заедно со извинување од поштенските служби на Канада, кои изразуваат жалење бидејќи било оштетено писмото.

– Искрено жалите бидејќи вашето писмо е оштетено. Такво го најдовме во поштенската мрежа – пишува во извинувањето.

Во писмото, тогаш 19-годишната девојка се заблагодарува за убавите денови кои ги минала на гости кај постарата сестра.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top