Барселона сепак ова лето ќе може да носи нови фудбалери, бидејќи Светската фудбалска куќа (ФИФА) одлучи да ја суспендира својата одлука за забрана на трансфери на каталонците се додека не биде разгледана жалбата која ја поднесе клубот.
На Барселона и беше донесена казна во наредните два преодни рока да не може да купува фудбалери, а беа казнети поради нерегуларностите кои биле забележани при ангажманите на неколку фудбалери кои биле под 18 години.
– Комисија за жалби при ФИФА ја прифати жалбата на Барселона, па казната што претходно беше изречена врз каталонскиот гигант моментно е суспендирана – објави светската куќа на фудбалот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


