Во издание на издавачката куќа „Силсонс“ од Скопје излезе од печат книгата „Ферментација на демократијата и нацијата – сите македонски политички пролети од 1943 до 1993“ од проф.д-р Димитар Мирчев. Во своето најново дело познатиот универзитетски професор и научник прави политолошка анализа на три клучни периоди на модерната македонска политичка историја: Асномската пролет 1943- 1944 , Либералната пролет, 1968-1973 и пролетта на Независноста од 1989 до 1993 година.
На страниците од ова делото Димитар Мирчев дава критички поглед и синтеза на нашиот понов политички развој, оној од 70- годишното раздобје кое ја определува и нашата сегашност па и насоките на движење. Тој ги поставува како граничници и двигатели- идеалите за независна и обединета Македонија, за граѓанско-демократска република, за автономија и суверенитет и за либерален поредок. На таа основа, според него созревала демократската и националната свест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.