Францускиот институт во Скопје и Кинотеката на Македонија вечерва во 20 часот во Кинотеката на Македонија ќе го прикажат филмот „Не сум тука да бидам сакан“ (2005 година), на режисерот Стефан Бризе. Главните улоги ги толкуваат Патрик Шене, Ан Консињи, Жорж Вилсон.
-„Не сум тука да бидам сакан“ изобилува со свежина, нежност и хумор”, вели филмската критика на популарниот месечен магазин Лезенрокиптибл, потоа „…филмот ви дава толку силно чувство на среќа, што не смеете да се лишите од него. (Телесинеобс),
-Синеастот, со особена елеганција и храброст, се осмелува да ни ја прикаже ранливоста на две „едноставни“ души, без да ги глорифицира или потценува. (Телерама).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.