| четврток, 6 декември 2018 |

Во „Феникс“ денеска ќе се одбележи Светскиот ден на книгата

3AC924EB6F31AD459B44BA852AC9C744

По повод 23 април – Светскиот ден на книгата, Издавачката куќа “Феникс“ од Скопје во своите три книжарници од 23 април до 25 април ќе ја организира манифестацијата “П(р)очит за македонските автори и дела“ во издание на “Феникс“ и “Македонија Презент“.

Станува збор за повеќе од сто автори и нивните изданија, кои ќе се продаваат со попусти од 50-80 насто, а сите посетители на манифестацијата во наредните две седмици, бесплатно ќе бидат зачленети и ќе добијат легитимации на Клубот на книгата “Феникс“ за постојан попуст во текот на целата година.

Инаку, на манифестацијата “П(р)очит за македонските автори и дела“, меѓу другите, ќе бидат претставени книгите на: Радован Павловски, Ристо Јачев, Ката Мисиркова Руменова, Љубе Цветановски, Јордан Плевнеш, Христо Петрески,  Киро Донев, Велко Неделковски, Трајче Кацаров, Панде Манојлов, Билјана Станковска, Софе Штерјоски, Ерол Туфан, Васил Толевски, Зоран Пејковски и други.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top