| четврток, 6 декември 2018 |

Пике застана во одбрана на Меси

Фудбалерот на Барселона Џерар Пике рече дека не разбира како некој може да го критикува неговиот соиграч Лионел Меси.

– Меси е број еден. Тој е темелот на овој тим и се што сме освоиле, е благодарение на него. Тимот ја одигра својата улога секако, но ние зборуваме за најдобриот играч во историјата. Никогаш нема да ми биде јасно како некои луѓе можат да го критикуваат, јас тоа не можам да го разберам – вели Пике.

Тој додаде дека е среќен што ќе може на неговите деца да им раскажува дека играл со Аргентинецот исто така го подржа и Фабрегас кого навивачите на Барселона го свиркаа на последниот натпревар.

– Не е пријатно да те свиркаат навивачите на твојот клуб. Погрешно е да се фокусираш само на еден играч. Ова не е добра сезона за сите нас и вината ја носиме сите, а не само Цеск – додаде Пике.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top