Перо Антиќ го доживеа првиот пораз против тимот на Индијана, со што резултатот во плеј0ф серијата од првата рунда е израмнет на 1-1.
Пејсерс славеа со 101-85 против Атланта со што ја анулираа предноста на Хоукс, екипа што го доби првиот меч со 101-93. И овојпат победничкиот состав постигна 101 поен, како мал куриозитет, а домаќините се радуваа. Антиќ одигра 25 минути и постигна 5 поени. акедонскиот репрезентативец досега играше 4 пати против најдоброрангираниот тим во Источната конференција и го забележа првиот пораз. Претходно во регуларниот дел од сезоната на двата дуели што ги загуби Атланта, Антиќ не настапи.
Пол Џорџ со 27 поени ја предводеше Индијана до триумф, а изненадување за гостите беше Луис Скола. Аргентинскиот центар постигна 20 поени и беше вистинско освежување за Пејсерс, кои се во криза и немаа добри резултати во финишот од регуларниот дел на сезоната. Кај Атланта, Пол Милсеп беше најефикасен со 19 поени.
И во втората серија од Истокот, резултатот е 1-1, а со победа на домашен терен Торонто израмни против Бруклин. Репторс славеа со 100-95.
Вашингтон направи нов брејк против подоброрангираниот Чикаго булс и со втора победа на гости има огромна предност во плејоф серијата што се игра до 4 победи од макимум 7 меча. Вашингтон победи со 101-99 по едно продолжение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хаос во НБА: Се степаа ѕвездите на Лејкерси и Хјустон! (Видео)
-
Твитер скандал на Трамп: Не е лесно да направите Леброн Џејмс да изгледа паметно
-
Животната приказна на нашиот центар: Антиќ во центарот на вниманието на Евролигата (видео)
-
Забивањето на Антиќ прогласено за потег на колото во АБА лигата (видео)


