| четврток, 6 декември 2018 |

Заев ќе ја враќа средната класа

pendarovski i zaev (Custom)

Враќање на средната класа во Македонија, враќање на парите назад на граѓаните е концептот со кој лидерот на Социјадемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев вечерва на предизборниот митинг побара поддршка од граѓаните во општина Карпош.

– Враќање на ДДВ кон граѓаните – ќе враќаме годишно 130 милиони евра. За секој граѓанин кој зема плата до 12.000 денари, персоналниот данок кој што работодавачот го уплаќа во државата, државата ќе го враќа на сметка на работникот. Ќе ја воведеме ефтината тарифа на струјата. Апсолутно ќе воведеме правичен данок за општеството – изјави Заев.

На митингот се обрати и кандидатот за престедател на СДСМ, Стево Пендаровски, кој резултатот од гласањето на 13 април го нарече изборен фалсификат, кој доколку се повтори на 27, СДСМ нема да ги признае. Пендаровски од Карпош ја побара поддршката на неопределените гласачи, но и од албанскиот електорат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top