| четврток, 6 декември 2018 |

Ни трага ни глас од малезискиот авион

444850_malezija-avion-image.adapt.445.low_f

Поради тропски циклон привремено е прекината потрагата по малезискиот авион кој исчезна на 8 март со 239 патници и членови на екипажот.

-Утврдено е дека поради лошите временски услови, брановите се преголеми, а видливоста опаѓа и дека поради тоа потрагата би била неефикасна, па дури и опасна, се вели во соопштението.
Австралија ја предводи потрагата за авионот кој исчезна по полетувањето од Куала Лумпур за Пекинг, и се верува дека исчезнал во Индискиот океан.
Австралискиот премиер Тони Ебот соопшти дека ќе вклучат и подморница во потрагата на авионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top