| четврток, 6 декември 2018 |

ГРОМ на средба со кумановци

GROM Stevce Jakimovski_045

Лидерот на коалицијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски, и носителот на листата за избор на пратеници на коалицијата ГРОМ од изборната единица број 2, Виктор Цветковски, денеска биле во обиколка на кумановскиот пазар и оствариле средби со кумановци во центарот на градот.

Партијата соопшти дека Јакимовски и Цветковски ги посетиле лицата со пречки во развојот во регионалниот центар „Порака наша“.

„Оттаму, претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски и носителот на пратеничка листа од ИЕ2 Виктор Цветковски, ги посетија жителите од селото Режановце каде поразговараа за секојдневните животни активности и проблеми со кои се соочуваат жителите од ова подрачје. Првиот човек на Граѓанската опција за Македонија, пред присутните ја претстави изборната програма на ГРОМ, која нуди конкретни решенија кои ќе го подобрат животниот стандард на жителите од кумановскиот регион“, се наведува во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top