Славниот режисер Стивен Спилберг ќе режира филм по вистинска приказна за Студената војна, а „Холивуд Репортер“ пренесува дека Том Хенкс ќе ја игра главната улога. Вистинската приказна ќе го следи американскиот адвокат Џејмс Донован, надлежен за преговорите околу ослободувањето на пиотот на американскиот шпиунски авион У2, Гери Пауерс.
Авионот е урнат над советската територија во мај 1960 година што предизвика меѓународна криза и го уништи скорашниот американско-советски самит на врвот. Авионот требаше да собира информации за советската програма за развој на интерконтиненталните ракети.
Филмот ќе го продуцира Марк Плат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура