Носителот на листата во ИЕ 2, Гордана Јанкулоска, денеска одржа средба со жителите на општина Чаир.
-Ние немаме проблем со нечија етничка припадност. Македонија има проблем со немањето на демократски капацитет кај дел од членовите на раководствата на некои партии кои не ја признаваат вољата на народот и го потценуваат неговиот избор, имаме проблем со луѓе што не сакаат да се зафатат со решавање на реалните проблеми на граѓаните, со отварање на нови работни места, со борба против корупција и криминал, со подобрување на инфраструктурата, со реформи во сите сфери на општеството, па измислуваат рамковни политики и консензуални кандидати – рече Јанкулоска.
Таа нагласи дека безидејноста и неспособноста не може да се покријат со големи знамиња на странски држави, ниту со повици за непризнавање на институциите. Уште помалку смее се покриваат со говор на омраза, националистичка реторика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.









