| четврток, 6 декември 2018 |

Примопредавање на должност во министерството за одбрана

Фатмир Бесими, кој од дожноста министер за одбрана премина во ресорот евроинтеграции денеска со државнички почести му ја предаде должноста на неговиот наследник Талат Џафери, довчерашен пратеник во Собранието од редовите на ДУИ

talat-besimi01

– Мојата должност ќе ја извршувам со најголема одговорност и убеден сум дека ќе придонесам кон градење на армија согласно стандардите на НАТО, подготвена да се справи со предизвиците на модерното време-  нагласи  Џафери.

Потенцирајќи дека за него претставува голема чест и задоволство да раководи со МО се до успешното заокружување на реформите и модернизацијата на АРМ, Џафери посочи оти пред се ќе придонсе АРМ во секоја нејзина димензија ја рефлектира реалноста на нашата држава.

– Да биде симбол на меѓуетнички соживот, толеранција, почит на различнсотите, како и помирување помеѓу етничките групи- рече новиот министер Талат Џафери.

Инаку, предлозите за новите министри за одбрана, евроинтеграции и за локална самоуправа, Талат Џафери, Фатмир Бесими и Тахир Хани, вчера попладне беа изгласани во Собранието. Мини-реконструкцијата на Владата ги опфати само кадрите на ДУИ, бидејќи Теута Арифи и Невзат Бејта владиниот кабинет го заменија со кандидатури за градоначалници на Тетово и на Гостивар. Парламентарното мнозинство требаше да избере и нови заменик-министри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top