Заменик-претседателот на Владата на Македонија задолжен за европски прашања Фатмир Бесими денеска во Секретаријатот за европски прашања (СЕП), ќе има одделни средби со министерите за надворешни работи на Бугарија и на Албанија, Даниел Митов и Дитмир Бушати.
Како што соопштија од СЕП, на средбите ќе се разговара за европските интеграции, актуелните политички прашања, регионалната соработка и искористувањето на фондовите на ИПА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.