САД признаа дека Европа не e безбеднa и затоа планираат поактивно да се вратат на континентот, изјави денеска полскиот министер за одбрана Томаш Шемоњак по враќањето од неколкудневната посета Вашингтон.
Шемоњак изјави дека се договорени неколку полско-американски воени вежби, кои ќе го демонстрираат „зголеменото присуство на Американците во Полска и во Источна Европа“.
Тој не прецизираше колку војници ќе учествуваат во тие вежби, кои, како што кажа, е планирано да се одржат во најблиска иднина.
Министерот нагласи дека треба да се прави разлика меѓу тековните воени вежби и постојаното воено присуство на САД во Полска.
– Работиме на варијантата што може да се случи на краток рок. Не сакаме американските војници да пристигнат во Полска и едноставно да бидат тука, сакаме да соработуваат со нашите војници – истакна полскиот министер за одбрана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.