Краткометражниот филм „Четврток“ на Милчо Манчевски влезе во финалето на американските квалификации за учество во трката за Оскар. Филмот како американска продукција ќе учестува на државниот натрпевар за најдобар краткометражен филм на 44. издание на „САД филм фестивал“ во Далас, Тексас.
„Четврток“ е снимен во Њујорк во 2013 година, а беше премиерно прикажан на отварањето на Венецискиот филмски фестивал на 28 август истата година, како дел од програмата „Venice 70 – Future Reloaded“. Продуценти на „Четврток“ се Арон Левин и Џералд Херман, кинематографер е Уна Ли, монтажер Питер Мостерт, а композитор на музиката Игор Василев Новоградска. Во главната улога настапува актерката Лора Ласи.
Последниот филм на Манчевски беше прикажан на меѓународниот филмски фестивал во Сао Пауло Бразил, RAI Movie канал на италијанската национална телевизија, на фестивалот во Сиракјуз, Њујорк, Интерфилм во Берлин, во кино-салите во Германија, „Листапад“ меѓународниот филмски фестивал во Минск, и други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура