| четврток, 6 декември 2018 |

Хуманитарна акција „Од децата за децата“ за Денот на планетата Земја во Природонаучен музеј

По повод денот на Планетата Земја, 22 април, Регионалниот Центар за животна средина (РЕЦ) Канцеларија во Македонија ќе организира хуманитарна аукција под мотото: “Од децата за децата“ со цел хортикултурно уредување на дворот на  Клиниката за детски болести во Скопје. Предметите кои ќе се продаваат на аукцијата се рачни изработки и литературни и ликовни творби на ученици од основните училишта во Република Македонија кои пристигнаа во рамки на републичкиот награден конкурс на тема: “Роза“.

Аукцијата ќе се одржи денeска од 12-14 часот во фоајето на Природонаучниот Музеј на Македонија. Поставени се повеќе од 300 творби – рачни изработки, како и цртежи и литературни дела кои беа инспирација за многу ученици од основните училишта во Република Македонија. Тие со своите рачиња вредно создадоа дела и својата љубов кон цвеќето и природата ја преточија во прекрасни вазни, слики, плетки од волна, пластични изработки, креативни хартиени творби и што ли уште не. Сето ова и многу повеќе посетителите на Природонаучниот Музеј на Македонија ќе можат да го видат доколку ја посетат изложбата која трае од 14-22 април 2014 год, во работното време на музејот, од 09-16 часот.

Со цел оваа хуманитарна аукција за продажба на творбите на учениците да биде поуспешна и да собереме што е можно повеќе средства, ги покануваме родителите, граѓанските здруженија, основните и средните училишта, бизнис секторот, претставниците на меѓународни организации и амбасади, да учествуваат и со својот придонес да го збогатат овој настан.

 

 

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top