Лос Анџелес клиперс и Мемфис гризлис славеа на вторите натпревари од првата рунда во плејофот во НБА лигата и израмнија на 1-1 во победи против Голден стејт, односно Оклахома.
Клиперси се одмаздија за поразот во првиот дуел против тимот од Сан Франциско, а тоа го сторија на убедлив начин со триумф од цели 40 поени разлика, 138-98. Блејк Грифин се разигра и со 35 поени го предводеше тимот од Ел-еј до прва победа во доигрувањето. Кај гостите Стев Кари постигна 24 поени.
Мемфис по едно продолжение славеше со 111-105 на гости против Оклахома, а мечот на драматичен начин беше одлучен по дополнителни 5 минути. Во регуларниот дел резултатот беше 99-99. Зак Рендолф ги предводеше гостите со 25 поени, а му се приклучи Мајк Конли со дабл-дабл учинок од 19 поени и 12 асистенции.
Дуото на Тандерс Дурент и Вестбрук постигна заедно 65 поени, што на крајот не беа доволни за втора победа и предност од 2-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.