По неуспешната сезона, Њујорк никс го отпуштија тренерот Мајк Вудсон како и целиот стручен тим. Генералниот менаџер Фил Џексон се одлучи на ваков потег откако Никс не успеаја да се пласираат во плејоф оваа сезона.
– Го почитувам целиот стручен тим на чело со Вусон и тоа што го направија. Ова беше тешка сезона и не треба да се обвинува никого, но дојде време за промени – изјави Фил Џексон.
Американските медиуми најавуваат дека поранешниот стратег на Чикаго и на ЛА лејкерс сега размислува да седне на клупата на никси, но Џексон уште еднаш ги демантираше ваквите гласини. Тој најави дека ќе настојува во најскоро време да го објави името на стратегот што ќе го наследи Вудсон, по што ќе се повлечат и првите потези околу играчкиот кадар.
Интересно ќе биде да се види дали Кармело Ентони ќе остане во Њујорк и во следната сезона, а потоа и кои засилувања ќе бидат доведени за никси одново да заличат на тим со капацитет да атакува на највисок пласман во НБА-лигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.