| четврток, 6 декември 2018 |

Каракамишева: Партијата која по 7 години власт уште повеќе зајакнува, треба да ја добие довербата

Овој пат ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалициските паритии се надмина себе си и изработи извонредна изборна програма, истана универзитетскиот професор Тања Каракамишева Јовановска, во отвореното студио пред почетокот на митингот на коалицијата „За подобра Македонија“ во Центар.

-Се надевам дека граѓаните, не само што ќе ја видат разликата, туку и ќе знаат да ја вреднуваат таа разлика и да направат вистински исчекор во смисла на тоа, што е она што го гледаат, што го ценат и почитуваат, изјави Каракамишева.

Каракамишева истакна дека, за неа, разликата во гласови помеѓу Иванов и Пендаровски во првиот претседателски круг била очекувана.

-Со оглед на фактот дека зад актуелниот претседател, можам слободно да кажам и иден претседател, застана едно силно политичко движење кое наоѓа свое место во сите полиња на општественото, правното, политичкото, социјалното живеење, така што дефинитивно граѓаните ја препознаа оваа програма и мислам дека на овие парламентарни избори, не само што ќе се повтори успехот од 2008 година, туку може да се очекува и нешто повеќе во делот на бројот на пратеници, а во однос на претседателот веќе се е јасно.

Таа потенцираше дека одредбата за видливото одбележување на гласачите со мастило не беше идеја на ВМРО-ДПМНЕ, туку беше ставена во пакет со сите останати решенија кои ги понуди СДСМ. Потсети и дека од страна на СДСМ имаше уцена оти доколку не се отвори изборниот законик со конкретни измени, тие ќе го бојкотираат изборниот процес. Одредбата за видливото одбележување, рече Каракамишева, влезе токму како резултат на уцените и заканите од страна на СДСМ.

-Политичка партија која останува на власт 7 ипол години и која не го губи своето членство, туку напротив, го зајакнува, е доволен индикатор сам по себе дека ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери треба да продолжат без разлика на сите манипулации, уцени, забуни па дури и правни проблеми, затоа што тоа го бараат граѓаните и тоа е единствената сила што во една држава може да се покаже и да се демонстрира со факти и со воздржаност, вели Каракамишева-Јовановска.

Каракамишева истака дека е сигурна во тоа, оти после изборите ќе се поништи таа одредба во изборниот законик. Најави дека ќе покрене иницијатива пред Уставниот суд подржана од многу професори и граѓани кои беа револтирани од оваа одредба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top