| четврток, 6 декември 2018 |

Џо Бајден допатува во посета на Украина

Американскиот потпретседател Џо Бајден допатува денеска во посета на Украина, каде треба да се сретне со в.д. премиерот Арсениј Јацењук и претседателот Олександр Турчинов.

Бајден за време на дводневната посета ќе се заложи за итна примена на минатонеделниот меѓународен договор, чија цел е смирување на тензиите во Украина.

Потпретседателот на САД треба да најави нова техничка помош за украинската Влада во примена на реформите на секторот за енергетика и економија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top