| четврток, 6 декември 2018 |

Медведев нареди да се преземат чекори за регулирање на границата меѓу Русија и Украина поради Крим

Рускиот претседател Дмитриј Медведев му порача на новиот директор на федералната агенција за уредување на државната граница Константин Бусигин неодложно да преземе чекори за регулирање на границата меѓу Русија и Украина со оглед
на фактот дека полуостровот Крим и Севастопољ влегоа во составот на Руската федерација.

Портпаролката на Медведев, Наталија Тимакова појасни дека тоа е првата задача на новиот шеф на руската федерална агенција.

Бусигин во најскоро време ќе отпатува за Крим во врска со наложената задача.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top