| четврток, 6 декември 2018 |

Саудиец казнет затоа што и дозволил на сопругата да вози

Еден 28-годишен државјанин на Саудиска Арабија заработи парична казна затоа што и дозволил на неговата сопруга да вози автомобил, објави весникот „Сауди газет“.

Саудиецот е казнет со 900 ријали (240 американски долари), откако неговата 23-годишна сопруга била „фатена“ од полицијата како го управува автомобилот на нејзиниот сопруг.

Покрај казната, на двајцата сопружници автомобилот им е одземен на седум дена, а тие добиле и „предупредување“ и морале да потпишат изјава дека „такво нешто нема да се повтори во иднина“.

Саудиска Арабија е единствената земја во светот каде на жените им е строго забрането да управуваат со возила. Од 2011 година неколку Саудијки започнаа кампања со која бараат да им се дозволи на жените да возат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top