Интересен е податокот што ова место е познато и по долговечноста на жителите, но и дека и покрај ниската температура водата никогаш не замрзнува поради студената почва и притисокот што ги избива подземните води на површина. Токму поради ова и селото го добило името Ојмјакон, што значи „вода што не замрзнува“.
Проблемите со кои селаните секојдневно се борат за другиот дел од светот изгледаат незамисливи. Во ова место не работат мобилните телефони, а не функционираат ниту батериите. Тие што носат очила имаат проблем затоа што надвор веднаш им замрзнуваат стаклата. Нефункционални се и пенкалата затоа што замрзнува мастилото. Стравувајќи дека нивниот автомобил повеќе нема да успеат да го стартуваат, ги оставаат да работат по цели денови.
Интересен е и податокот дека селаните од Ојмјакон се во караница со соседното село Верхојанск, кои, исто така, тврдат дека го имаат рекордот во најниска температура во населено место. Поводот за караницата била печатна грешка во документ од 1885 година во кој е наведено дека во Верхојанск е измерена температура од минус 67,8 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.