
Во угостителскиот објект „Злетовски бисер“ во Пробиштип дошло до расправија помеѓу 28-годишниот Д.М.и 29-годишниот З.П. кои биле гости во објектот со Д.А. вработен како угостител.
Според податоците на полицијата, двајцата насилници се нафрлиле врз угостителот удирајќи го со тупаници во пределот на главата и телото. Потоа, почнале да кршат чаши и шишиња, искршиле 3 маси и 6 столови, а оштетиле и две лизгачки врати во објектот, со што предизвикале страв и паника кај останатите посетители.
Двајцата се приведени и против нив ќе следи соодветна кривична пријава за делото кое го направиле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


