Неколку илјади лица синоќа учествуваа на собири во неколку канадски градови од кои беше побарана легализација на марихуаната.
Собирите наречени „420“, меѓу другите градови, се одржаа и во Ванкувер, Монтреал, Торонто, како и пред Парламентот во Отава.
Името „420“ потекнува од општоприфатениот став дека во 70-те години на минатиот век младите во Северна Америка секојдневно се собирале да пушат марихуана во 4:20 часот попладне (16:20).
Во последниве години секој 20 април приврзаниците на легализацијата на марихуаната се собираат на протести во Канада, кои започнуваат во 16:20 часот по локално време.
Канадската конзервативна Влада минатиот месец изврши измени на законот, со кој лицата кај кои ќе биде откриено помало количество марихуана веднаш да добијат парична казна, наместо, како досега, да бидат изведувани пред суд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.