Во воените вежби на НАТО што во текот на претстојното лето ќе се одржат во Црното Море ќе бидат вклучени и специјално дресирани американски воени делфини, изјави претставникот на Воената морнарица на САД, Том Лапуза за рускиот весник „Известија“.
Лапуза нагласи дека тоа ќе бидат први маневри на НАТО во кои ќе бидат вклучени и делфини.
Весникот наведува дека ова ќе биде можност за прва „средба“ на американските и руските воени делфини, потенцирајќи дека САД и Русија се единствените земји што имаат специјално дресирани делфини во составот на своите вооружени сили.
Според Лапуза, покрај 20-те делфини, во вежбите ќе учествуваат и 10 дресирани морски лавови. Целта на делфините ќе биде да го тестираат новиот антирадар, чија задача е да ги дезориентира и залажува непријателските локатори, додека морските лавови ќе трагаат по мини и нуркачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа
-
Захарова: НАТО му ветил на Горбачов дека нема да се шири кон исток