| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен Србин осомничен дека ја задавил и запалил девојката

29 годишен Србин од Банатски Двор е уапсен под сомнение дека ја убил неговата девојка Марија Цимбал (24), а потоа нејзиното тело го запалил во станот во Нови Сад.

Според првичните информации од истрагата, убиството го извршил од користољубие затоа што често од неа позајмувал пари. Новосадската полиција го пронашла безживотното тело во неделата. Обдукцијата утврдила дека девојката најпрво била задавена, најверојатно со марама, па запалена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top