Најмалку 20 лица, меѓу кои и 3 деца, се повредни откако автомобил влетал во една преполна црква во местото Форт Маерс во американската сојузна држава Флорида.
Како што соопшти локалната полиција, автомобилот го пробил ѕидот на црквата и влегол во нејзината внатрешност притоа удирајќи во уште најмалку три реда клупи.
Во време на инцидентот во баптистичката црква имало околу 200 лица кои присуствувале на велигденски концерт.
Автомобилот го управувала млада жена по потекло од Хаити, која изјавила дека барал место за паркирање, но и откажале сопирачките и влетала во црквата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.