Самопрогласениот градоначалник на Славјанск, Вјачеслав Пономарјов, денеска ја повика Русија да интервенира „за да ги заштити оние кои се борат против украинските националисти“,
Тој нагласи дела локалното населние е загрозено е припадници на украинската есктремно десничарска националиситчка организација „Десен сектор“.
– Само Русија може да не заштити – порача Пономарјов.
Пономарјов ја обвини организацијата „Десен сектор“ дека стои зад инцидентот од минатата ноќ во Славјанск, кога засега непознати лица нападнаа контролен пункт на северниот приод на градот, при што беа убиени тројца локални жители и двајца напаѓачи.
Тој тврди дека еден од убиените напаѓачи, кој бил вооружен со автоматска пушка „од југословенско потекло“, кај себе имал беџ на „Десниот сектор“ со број 20.
– Бројот еден го има лидерот на организацијата Дмитро Јароп – потенцира Пономарјов. Организацијата „Десен сектор“, од своја страна, ги отфрли обвинувањата дека стои зад нападот во Славјанск, нагласувајќи дека инцидентот претставува провокација иницирана од страна на Русија.
– Тоа е богохулна провокација на Русија. Богохулна е затоа што се случи во ноќта која е света за христијаните – ноќта на воскреснувањето (Христово). Сигурни сме дека е извршена од руските специјални единици, истакна портпаролот на „Десниот сектор“, Артјом Скоропадски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



