| четврток, 6 декември 2018 |

Билјана Крстиќ: Најтешко ми беше да ја пеам „Јовано, Јованке“ после смртта на Тоше

Билјана Крстиќ и групата „Бистрик“ по четири години пауза со концерт во Белград ќе го претстават нивниот нов албум.

За српските медиуми Билјана откри дека во текот на нејзините концерти неретко пушта по некоја солза од силните емоции.

tose

– Често се случува на нашите концерти да се покаже таква емоција. Постојат песни кои го пронаоѓаат својот пат до публиката и допираат до неа, посебно песните од Врање кои секојпат навлажнуваат очи. Најтешко ми беше кога првпат после смртта на Тоше Проески, имавме концерт во Скопје, а целата Универзална сала пееше и плачеше на „Јовано, Јованке“, која некогаш ја пеев со него – откри Билјана.

Концертот на Крстиќ и „Бистрик“ ќе се одржува во Домот на синдикатите на 9 мај во Блеград.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top